Тешка повреда на скапото засилување на Ливерпул

Ливерпул плати богатство за да го осигура потписот на Џереми Жаке, младиот дефанзивец на Рен кој на 1 јули 2026 и официјално ќе се пресели на „Енфилд Роуд“.

„Црвените“ сега имаат причина за загриженост откако 20-годишниот одбранбен фудбалер заработи тешка повреда на вчерашниот дуел со Ленс. Жаке лошо падна по еден воздушен дуел и остана во болка да лежи на теренот, викајќи гласно додека му беше укажувана лекарска помош.

„Жаке има проблем со рамото, и тоа се чини сериозен. Лекарските прегледи ќе покажат кога тој би можел да се врати на терените“, изјави тренерот на Рен веднаш по мечот што овој тим го загуби со 3-1..

Се вчитува...