Тешка повреда остави сенка на „мајсторката“: Оклахома е новиот НБА шампион

Оклахома Сити Тандер е освојувачот на титулата во НБА лигата откако во седмиот натпревар од големото финале славеше со 103-91 на домашен терен. За оваа франшиза тоа е првата титула по преминувањето во Оклахома, а вкупно втора по онаа во 1979 година кога клубот го носеше името Сиетл Суперсоникс.

Сенка на финалето остави тешката повреда на најдобриот кошаркар на Индијана, Тајрис Халибуртон кој откако постинга девет поени за седум минути во првата четвртина заработи тешка повреда на ахиловата тетива поради која мораше да биде изнесен надвор од теренот.

Без помошта од Халибуртон, Индијана беше конкурентна само до полувремето на кое замина со минимално водство, по што Оклахома ја превзема иницијативата и стигна до двоцифрена предност уште во третата четвртина.

Интерено, најдобрите кошаркари на теренот беа Канаѓани. Со 29 поени и 12 асистенции прво име кај Оклахома беше Гилџус-Александер, додека 24 поени и 13 скокови за Индијана постигна Матурин.

Се вчитува...