Четвртиот ден од продолжението на НБА лигата во Орландо, за жал, и првата тешка повреда. По игра на случајноста се работи за првиот кошаркар кој одби да протестира во насока на човеките права со клечење за време на химната на САД.
Крилниот кошаркар на Орландо, Џонатан Исак заработи тешка повреда во последната четвртина во победата на неговиот тим над Сакраменто од 132-116. По првичната лекарска интервенција од салата беше изнесен на количка. Има скинати лигаменти на левото колено кое му беше повредено и во првиот дел од сезоната поради што пропушти 31 натпревар.
А, Исак во петокот беше и главна вест во американските медиуми затоа што е првиот кошаркар кој не клекнува при изведбата на американската химна како поддршка за движењето „И црните животи се важни“. Тој својот потег го објаснува со вербата во Исус Христос.
„Верувам во движењето ‘И црните животи се важни’, но не верувам дека со клечење и носење некои маички се дава некаква поддршка. Сите правиме гревови, а решението за сите светски проблеми, не само за расизмот, е зборот – Исус Христос“ – објасни тогаш Џонатан Исак.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА