Легендарниот англиски репрезентативец и поранешен капитен на Челси, Џон Тери, кој сега го носи дресот на Астон Вила, заработи тешка повреда на стапалото. Тој ја скрши метатарзалната коска на стапалото на денешниот меч со Шефилд венздеј и ќе отуствува неколку месеци од фудбалските терени.
„Џон беше пренесен во болница и за жал медицинските тестови покажаа дека има скршеница на метатарзалната коска на стапалото. Тој ќе отсуствува подолг период, тоа е јасно. Да се надеваме дека сепак не е толку лошо и дека ќе се врати на терените. Првичната проценка при ваквите повреди е пауза од 6 до 12 седмици“, изјави менаџерот на Астон Вила, Стив Брус.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА