Аргентинскиот фудбалер и член на Барселона, Лионел Меси вчера демонстрираше убедлива своја партија на терен најзаслужен за триумф над Алавес, иако на само два часа пред мечот дозна за тешка сообраќајната несреќа на неговиот брат Матиас во аргентинскиот Розарио.
Од неговиот автомобил не останало многу, но за среќа Матиас минал без потешки повреди.
„За среќа сум добро. Среќен сум што минав со лесни повреди, а материјалната штета ќе се надомести“ – рече по несреќата братот на Лионел Меси.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА