Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа ќе игра против Американката Лорен Дејвис во првото квалификациско коло на УС Опен.
Ни малку лесна задача не доби Ѓорческа за својот трет обид на престижниот гранслем турнир. Дејвис, која во моментов е на 200. место на ВТА ранг листата, минатата година беше и 26-та најдобра тенисерка во светот. Оваа година е далеку од таа форма но факт е дека се работи за повеќе од сериозен противник.
Лина, пак, се враќа на тениските терени по долгата пауза која ја имаше поради повреда. Настапот во квалификациите на УС Опен без сомнение може да донесе позитивен импулс за вистинско враќање во формата со која играше пред една година. Ако ја мине првата пречка тогаш во второто коло ќе се соочи со подобриот од мечот меѓу Фет и Жанг.
За Ѓорческа ова е трето учество во Њујорк. Претходно двапати беше елиминирана во почетната квалификациска рунда.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА