ЕКИПА во Прага, Чешка
Горан Бошев
ФОТО: Роберт Спасовски
Условите за игра на „Епет Арената“ ќе бидат тешки за фудбалерите на Украина и на Македонија. Силниот дожд кој врне во Прага на еден час пред почетокот на натпреварот може во голема мера да донесе проблеми за фудбалерите.
Временските прогнози се дека дождот до почетокот на мечот ќе престане, но тука во Прага, цело време е променливо, па сигурно дека дождот добро ќе го натопи теренот.
Згора на тоа дува и силен ветер, што ќе биде дополнителен проблем и поголем предизвик за играчите на двата тима.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

