Тешки моменти за турскиот фудбал: Три клуба официјално се откажаа од Супер лигата

Тешки денови за турскиот фудбал. После катастрофалниот земјотрес кој го погоди југоисточниот дел на Турција, три клуба досега се одлучија да се повлечат од Супер лигата, додека не се среди ситуацијата со последиците од земјотресот, во кој според официјалните податоци загинаа 28.000 лица.

Газиантеп, Хатајспор и Малатијаспор се одлучија да се повлечат од натпреварувањето. Во еден од нив, во Газиантеп игра и нашиот интернационалец Лука Станковски.

„Челниците на Хатајспо ни пратија посебно писмо во кое не информираа за повлекување од Супер лигата во сезоната 2022/23“, рече Мехмер Бујукекши, претседателот на Турската фудбалска федерација.

Токму во оваа екипа настапува Кристијан Атсу, поранешниот играч на Њукасл и Челси кој и натаму не е извлечен од под урнатините.

Челните луѓе најавија дека ќе нема никакви санкции за клубовите, но и натаму не е познато како ќе продолжи турскиот фудбал кој е предвидено да се „рестартира“ на крајот на февруари.

Се вчитува...