Тешки обвинувања на адреса на Камерун: Играчи плаќале да бидат дел од селекцијата на СП?

Ромаин Молина, новинар на престижниот „Гардијан“ јавува за невиден скандал во камерунската репрезентација кој се случил пред Мундијалот во Катар. Тој тврди дека одреден дел на фудбалери на Камерун, платиле за да бидат дел од националниот тим во Катар.

Камерун во групата беше со Србија, Швајцарија и Бразил, и освои четири бодови, победувајќи го Бразил, и ремизирајќи со Србија, со што беше елиминиран уште во групната фаза.

Дополнителен скандал со оваа репрезентација беше нападот на претседателот на федерацијата Самуел Ето кој нападна гледач после мечот Бразил – Јужна Кореја, и потоа се извинуваше за потегот.

 

Се вчитува...