„Тешко е да се разбере – Мегваер не е доволно добар за Јунајтед, но е добар за Англија“

Поранешниот англиски репрезентативец Џек Вилшир, смета дека Герет Саутгејт има посебен однос со Хари Мегваер. Стоперот на Јунајтед беше вклучен во списокот на фудбалери за Мундијалот во Катар, иако нема натпревари во клубот.

Вилшир вели дека има и подобри дефанзивци од Мегваер во моментов, но дека тешко е да се разбере како играч кој е во слаба форма и поради тоа не игра во Јунајтед, да биде во селекцијата на Англија за Светско првенство.

„Можам да замислам дека менаџер на клуб има фаворит, но во репрезентација тоа е тешко. Селекторот ретко ги гледа играчите. Хари ќе игра тоа 100% сум сигурен. Во Јунајтед е резерва со причина. Дојде нов тренер и виде дека не е добар, а е добар за репрезентацијата. Тоа е тешко да се разбере“, рече Вилшир кој истакна дека не би го ставил стоперот на Јунајтед.

„Не сум сигурен дали би го пуштил. Има подобри од него, особено Томори кој не беше избран. Томори е подобар“, рече екс играчот на Арсенал.

Се вчитува...