Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија на денешниот свој состанок ги усвои предлог пропозициите за натпреварување во Првата македонска фудбалска лига за натпреварувачката сезона 2020/2021.
Управниот одбор донесе и одлука тестирањето за Covid – 19 за фудбалерите и стручниот штаб на клубовите од Прва МФЛ и Прва ЖМФЛ пред почетокот на натпреварувачката сезона 2020/2021 да биде на трошок на Фудбалската федерација на Македонија.
Меѓу останатите одлуки, УО на ФФМ го усвои календарот за натпреварување во женска конкуренција за натпреварувачката сезона 2020/2021. Усвоен е и календарот за натпреварување во млади категории за натпреварувачката сезона 2020/2021, како и листата на делегати за натпреварувачката сезона 2020/2021 во МФЛ.
УО на ФФМ донесе одлука и за измени и дополнувања на Правилникот за регистрација, статус и трансфер на фудбалери.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА