После неколку дена задоцнување, второлигашот Тетекс денеска ги започнува зимските подготовки за пролетниот дел од сезоната во Втората македонска фудбалска лига.
Шефот на стручниот штаб, Ивица Јовановски денеска ќе ја има првата прозивка после зимската пауза, а засега нови имиња во тимот се Томас Тасос од Љуботен, Фестим Аљија, Даниел Јовановски, кој доаѓа од редовите на Гостивар, Филип Јовановски од екипата на Металург. Од клубот си заминаа Филип Крстевски, Аљбион Ибраими и Филип Коклеќески.
После 14 одиграни натпревари, тимот од Тетово се наоѓа на осмата позиција на табелата во Втората лига, со само 11 освоени бодови и сигурно на тимот му преостанува тешка битка до самиот финиш за опстанок во лигата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА