Тетекс го совлада Скопје во пријателска со седум гола, Струга ТЛ ремизираше со Ботев Враца

Фудбалскиот прволигаш Струга Трим и Лум одигра без победник 1-1 против бугарска Ботев Враца во контролниот натпревар како дел од подготовките во Анталија за пролетниот дел од сезоната.

Струшкиот тим поведе во првото полувреме во 32. минута, а Бугарите израмнија во 83. минута.

Пријателска средба одиграа денеска второлигашот Тетекс и прволигашот Скопје во Тетово. Победник беше екипата на Тетекс која го доби мечот со 4-3. Стрелци на головите за Тетекс беа Владимир Жоглев, Стефан Богдановски а два гола постигна Дамјан Масевски.

За Скопје, пак, два гола постигна Кировски, и еденм Изет Ајрулаху.

Се вчитува...