Тетекс и Башкими во Втора лига, Новаци и Вардар Неготино преку пенали ќе одлучуваат за третиот патник (ВИДЕО/ ФОТО)

Тетекс и Башкими обезбедија второлигашки статус во македонскиот фудбал за следната 2023/24 сезона, откако славеа против своите ривали во баражите за влез во Втората македонска фудбалска лига. Новаци и Вардар Неготино пак во регуларниот дел играат 1-1, па дополнително преку пенал-рулетот ќе го одлучат патникот во Втората лига.

Тетекс лесно си го зачува местото во Втората лига по убедливата од 6-1 против Осогово на дуелот кој се одигра на стадионот „Борис Трајковски“ во Маџари.

Во 16. минута веќе беше 2-0 за Тетекс по голот на Јусуфи, а на 3-0 зголеми Стојковски во 36. минута.

Во второто полувреме, најпрво Стоиловски во 66. минута намали на 3-1, но потоа следеа уште два гола за Тетекс за конечна победа од 5-1. Најпрво, Салији со својот втор гол во 75. минута зголеми на 4-1, а потоа и Јусуф со втор погодок зголеми на 5-1 во 85. минута, за да Кировски во 91. минута заокружи на 6-1.

 

Во Тетово, Башкими триумфираше со 2-0 против Влазрими со два погодоци уште во првото полувреме. Во вториот дел само рутински ја зачува предност.

На натпреварот во Кичево, пак, Вардар Неготино со гол во 89. минута успеа да се спаси од пораз. Новаци поведе со гол во првото полувреме…

Но, Вардар Неготино по големо недоразбирање на одбраната на Новаци и кикс, постигна гол во 89. минута за 1-1 и пенали на дуелот.

Но, и поразените Осогово, Влазрими се уште се со шанси за влез во Втората лига. Утре со ждрепка во ФФМ, од овие три поразени екипи, ќе се бараат последните две екипи кои ќе обезбедат место во Втората лига, а само една ќе остане во третолигашката конкуренција.

Засега, Тетекс, и Башкими се надополнија на останатите второлигаши (Скопје, Охрид, Победа, Пелистер, Детонит Плачковица, Беса, Арсими, Кожуф, Беласица, Караорман и Каменица Саса) за следната сезона во лигата која ќе брои 16 екипи.

Се вчитува...