Тетекс повторно ќе биде дел од Втората лига Запад во претстојната сезона, а тимот веќе почна со подготовки. Раководството информираше дека се обезбедени дури седум засилувања.
Пристигна Меритон Салији од Ренова кој игра на позицијата дефанзивен играч за врска и се враќа во Тетекс по една година, а второто засилување e Мирослав Јованоски кој исто така е повратник од Гостивар.
На голманската позиција во тимот на Тетекс се враќа Борјан Панчевски од Динамо Врање – Србија, како и Бојан Тимевски од фудбалскиот клуб Вардар. Од ФК Гостивар доаѓаат брзоногиот крилен напаѓач Љавдрим Скендери, кој претходно играше за и прволигашот Ренова, Иљаз Чилафи, кој ја мина фудбалската школа на Шкендија и беше една сезона на позајмица во Струга Трим Лум и Кристијан Ристовски, кој игра во средниот ред.
Тетекс се надева дека со новите засилувања ќе има конкурентен состав во второлигашкото друштво.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА