Неочекувани промени во стручнииот штаб и во раководството на тетовскиот второлигаш Тетекс на три кола до крајот на првенството во Втората лига запад. Тетекс веќе има изборено опстанок, а денеска се случија три оставки.
Најпрво Војо Тофиловски, претседателот на Управниот одбор на клубот поднесе оставка, а тимот остана и без стучен штаб откако тренерскиот тандем Славчо Георгиевски и Дејан Цветковски поднесоа оставки. Ова го информираа од клубот, притоа не додавајќи ги причините за заминувањето на тројцата.
„ФК Тетекс ја информира јавноста дека Војо Тофиловски поднесе оставка од местото претседател на Управниот одбор, како и тренерскиот тандем Славчо Георгиевски и Дејан Цветковски. Во најбрз рок ќе биде оддржан состанок на УО на клубот. За следните чекори, благовремено ќе бидете известени!
– Дополнително ве известуваме дека денеска му беше извршена хирушка интервенција на Тупан, се помина во најдобар ред, му посакуваме брзо опоравување!!!“, стои во соопштението на Тетекс.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА