Тетекс сака опстанок: Триумф над Еуромилк за зголемени надежи

Екипата на Тетекс не се откажува така лесно од битката за опстанок во прволигашката конкуренција, продолжувајќи ја борбата по победата од 1-0 против Еуромилк ГЛ во 20. коло од Втората македонска фудбалска лига.

Марјан Билбилоски во 42. минута беше стрелец на единствениот гол „штофарите“ вреден три бода.

Тиквеш славеше со 2-1 против Новаци. Сите три гола на мечот паднаа во првото полувреме. Бакрачески и Никовиќ погодија за Тиквеш, додека Кире Степаноски беше стрелец за Новаци.

Вардар Неготино имаше можност да дојде до триумф над второпласираниот Скопје, но одигра 1-1. Домашните дојдоа до предност со голот на Влатко Коцев во 77. минута, а израмни Алексо Новески во 83. минута.

Академија Пандев одигра без победник (1-1) на гостувањето против Велазерими. Домашните дојдоа до предност со голот на Дани во 51. минута, а израмни Даниел Миловановиќ во 63. минута.

Првопласираните две екипи во лигата од следната сезона ќе играат во Првата лига, а третопласирана ќе игра бараж за пополнување на прволигашката конкуренција. Последнопласираните две екипи се селат во Трета лига, а осмопласираната ќе игра бараж за опстанок.

РЕЗУЛТАТИ – 20. КОЛО

Тетекс – Еуромилк ГЛ 1-0

Велазерими – Академија Пандев 1-1

Вардар Неготино – Скопје 1-1

Тиквеш – Новаци 2-1

Хоризонт Т. – Металург 3-1ТАБЕЛА: Академија Пандев 47 бода, Скопје 35, Еуромилк ГЛ 33, Новаци 32, Хоризонт Т. 29, Велазерими 23, Металург 23, Вардар Неготино 19, Тиквеш 19, Тетекс 18 бода.

Се вчитува...