Тетекс се засили и со офанзивецот Ангеловски од Осогово

Второлигашот Тетекс за продолжението од новата сезона се засили и со офанзивецот Божидар Ангеловски. 19-годишниот играч од нападот во сино-белиот дрес доаѓа од Осогово, а претходно во својата кариера има настапувано и за Работнички, Вардар и Љубанци.

Се работи за талентиран фудбалер кој потекнува од фудбалската школа на Работнички. Како што информираат од Тетекс, ангажманот на Ангеловски е продолжение на клупската политика за носење млади и перспективни фудбалери кои треба својот неспорен квалитет да го покажат и на зелените терени во предстојната сезона.

,,Пресреќен сум што дојдов во клуб како што е Тетекс. Ќе дадам 100% од себе да му помогнам на тимот и да ги израдуваме ‘Војводите’ во новата сезона” – вели Ангеловски.

Ова е деветтото засилување за Тетекс во овој преоден рок. Пред Ангеловски беа ангажирани и Марјан Мицков од Силекс, Антонио Митрев од Балзан (Малта), Роберт Младеновски, Кенан Ватиќ и Филип Крстевски од Локомотива, Јане Иваноски и Стефан Коцев од Македонија ЃП и Башким Љама од Шкендија.

Се вчитува...