Тетекс со четири нови засилувања

Фудбалскиот клуб Тетекс продолжува со активно засилување на тимот во пресрет на новата натпреварувачка сезона, откако денеска објави дека потпиша договори со четири нови фудбалери.

Станува збор за 27-годишниот Енис Дервиши, една година помладиот Рихан Зекири, како и со Марко Стојчевски (24 години) и со 21-годишниот Петар Обадиќ.

„Овие фудбалери доаѓаат со искуство, елан и желба, а нивниот ангажман претставува важен чекор во градењето на конкурентен и борбен тим. Цврсто веруваме дека со својата посветеност и квалитет ќе дадат значаен придонес за успехот на Тетекс на теренот и надвор од него.На нашите нови членови им посакуваме искрено добредојде во плаво-белото семејство и успешна сезона полна со здравје, спортска борбеност и победи“, порачуваат од ФК Тетекс.

Се вчитува...