Тетекс со комплетно променет тим во битка за опстанок: Промовирани 13 нови имиња за пролетта (ФОТО)

Второлигашот Тетекс и официјално ги промовираше новите засилувања за пролетниот дел од сезоната во Втората македонска фудбалска лига.

Тетекс со значително променет играчки кадар ќе ја очекува пролетта предводен и од новиот шеф на стручниот штаб, Љупчо Марковски – Калц.

Нови имиња во Тетекс се Христијан Кировски, Трајче Стојковски, Михаило Митров, Матеј Николов, Емил Скоко, Димитриј Попоски, Давид Спасовски, Мустафа Јусуф, Стефан Богдановски, Бојан Тимевски, Меритон Салији, Амзаи Елвир и Андреј Јаневски.

„Сезона 2022/2023 е една од најтешките за нашата фудбалска икона. За таа цел градот под Шара, се обедини како никогаш до сега со една цел, опстанок во Втората фудбалска лига на Македонија“ – информираат од Тетекс.

Се вчитува...