Подготвувајќи се за новата сезона во Втората лига, ФК Тетекс промовираше уште четири нови засилувања, а ги продолжи договорите со уште тројца свои досегашни фудбалери.
Нови фудбалери се Михајло Јакимовски од Воска спорт од Охрид, Марко Спироски од Македонија ЃП, Бојан Зафировски од Македонија ЃП и Арменд Адеми од Кадино. Продолжени се договорите со Марко Ивановиќ, Стефан Стефановски и Агон Елмази, а во првата екипа е вклучен и голманот Стефан Богојевски.
„Посебно задоволство ни претставува денешното доаѓање на фудбалери кои потекнуваат од ФК Тетекс, а се повратници во нашиот клуб. Од првиот ден најавивме дека тенденција ќе биде враќање и давање шанса на фудбалери кои потекнуваат од Тетово и тетовскиот регион“ – информираат од Тетекс.
Закажани се и пет контролни натпревари, со Работнички (20. јули), Воска (23. јули), Струга ТЛ (26. јули), Караорман (29. јули) и генералката со Пелистер на 6. август. Сите натпревари „штофарите“ ќе ги играат на гостински терен. Дополнително ќе биде утврден терминот за пријателскиот натпревар против Љуботен.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА