Една од најконтроверзните фудбалски личности последниве декади, без сомнение, е Карлос Тевез кој не е само обичен фудбалер. Аргентинскиот напаѓач, кој се роди и живееше во сиромашен кварт во Буенос Аирес а потоа стигна и до фудбалските височини, остави бурна кариера зад себе.
Во периодот од 2007 до 2009 година играше фантастично заедно со Кристијано Роналдо во Манчестер јунајтед. Но, неговиот бурен аргентински карактер не успеа некако да се усогласи со карактерот на сер Алекс Фергусон. Па, Тевез мораше да се пресели на клупата за резерви, а потоа и да замине од клубот…
„Фергусон верува дека е премиер на Велика Британија. Со тој старец е невозможно да разговарате и дебатирате затоа што од секоја ситуација излегувате поразен. Но, погреши што ме стави на клупата во финалето од Лигата на шампионите против Барселона во Рим“ – вели сега 36-годишниот капитен на Бока, кој по заминувањето од Јунајтед се пресели во Сити, а по една победа во меѓусебен меч извади напис „Почивај во мир, Ферги…“.
„Допуштив тогаш да ме понесат емоциите затоа што незадоволен заминав од Јунајтед. Тоа беше такво време. Но, сигурно не ми беше намерата да го навредам. Од денешна дистанца навистина го ценам како човек и тренер“ – вели Тевез.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

