Аргентинскиот интернационалец Карлос Тевез ја напушти Бока јуниорс и за баснословни пари замина во кинескиот клуб Шангај Шенхуа, но воопшто не е воодушевен од фудбалот во Кина. Тој во разговор за шпанските медиуми истакна дека фудбалот во оваа земја заостанува цели 50 години зад Европа.
„Оваа лига во Кина не може да се споредува со ниту една поквалитетна европска лига. Можеби се ангажирани неколку ѕвезди, но тоа не е доволно. Домашните фудбалери се премногу наивни, фудбалот се игра на многу поинаков начин и тоа дефинитивно е сосема различно. Јас исто така имав големи проблеми со адаптацијата, пред се со животот во Кина“, изјави Карлос Тевез.
Оваа негова изјава дефинитивно нема да им се допадне на кинеските фудбалски авторитети кои му плаќаат неверојатни суми за да го носи дресот на Шангај Шенхуа.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА