Tевез играл фудбал во затвор, па се повредил

Карлос Тевез заработил повреда на мускулот на ногата и ќе мора да паузира најмалку три седмици. Челниците на Бока јуниорс се бесни на својот голгетер поради фактот дека тој не се повредил при натпревар или на тренинг, туку на партија мал фудбал што се играла во затвор.

Како што јавуваат аргентинските медиуми, Бока почнала и интерна истрага за да се утврдат околностите под кои најдобриот фудбалер заработил повреда. Информациите велат дека тој заминал во затворот Боуерс во провинцијата Кордоба, за да го посети својот брат Хуан Алберто Мартинез, кој е осуден на 16 години затвори поради вооружен грабеж.

Се верува дека токму братот го организирал фудбалскиот натпревар кој траел 20 минути и бил исполнет со остри стартови, од кои подебелиот крај очигледно го извлекол поранешниот ас на Манчестер јунајтед и Јувентус.

Доколку овие гласини се потврдат, јасно е дека Бока жестоко ќе го казни својот најдобар играч за непрофесионален однос.

Се вчитува...