Тевез кажа збогум: Имам понуди, но не сакам да играм без најголемиот навивач на трибините

Карлос Тевез и официјално ја заврши својата фантастична фудбалска кариера, објави легендарниот аргентински голгетер. Тој имаше понуди да продолжи да игра и на 38-годишна возраст, но обелодени дека кажува збогум на фудбалот бидејќи веќе нема мотивација, по смртта на неговиот татко.

Таткото на Тевез беше една од бројните жртви на коронавирус за време на пандемијата во Аргентина, што претставуваше голем удар за голгетерот.

„Се повлекувам, сега е и официјално. Имав бројни понуди,ми даваа се и сешто, но чувствувам дека дадов се. Беше тешко да се игра во изминатата година, но барем го гледав татко ми. Сега тој веќе не е меѓу нас, а јас не сакам да играм без најголемиот навивач на трибините“, истакна Карлос Тевез.

Сегундо Тевез почина од последиците од коронавирус, а интересно е што тој всушност не е биолошки татко на Карлос. Фудбалерот во раното детство останал без родители, татко му починал, а мајката го напуштила, по што Сегундо го земал малиот Карлос под своја заштита. Карлос Тевез тоа не го заборави кога стана славен, секогаш останал близок со човекот што му помогна кога беше најтешко, па реши и да ја заврши кариерата по смртта на Сегундо.

Се вчитува...