Тевез објасни зошто го бакна Марадона во уста

Во спектакуларна ноќ Бока Јуниорс славеше против Гимназија со 1-0 и ја освои титулата во аргентинската лига. Карлос Тевез во 73. минута го постигна голот за победа, а интересно е што тренер на гостите беше легендата на клубот од Буенос Аирес, Диего Армандо  Марадона.

Пред почетокот на мечот Тевез го бакна Марадона во уста. Целиот свет говори за тој момент од мечот, а искусниот аргентински напаѓач објасни зошто го направил тоа.

„Знаев дека морам да го бакнам Диего, бидејќи тоа ќе ми донесе среќа. Понекогаш човекот мора сам да се пронајде“, изјави Тевез. 

Покрај голот на Тевез, на Бока и помогна и ремито кое го одигра најголемиот ривал Ривер Плата, само 1-1 на гостувањето кај Атлетико Тукумана.

Се вчитува...