Тевез победничкиoт гол го посвети на Марадона: Прославата го воодушеви светот (ВИДЕО)

Бока Jуниорс го победи бразилскиот тим Интернационал со 1-0 во осминафиналето на Копа Либертадорес, а единствен стрелец беше Карлос Тевез, кој го посвети голот на Марадона.

Под својот дрес, Тевез имаше уште еден, истиот каков некогаш носеше Диего Марадона за Бока во 1981 година. Легендата играше за овој тим една сезона пред да се пресели во Барселона, а потоа уште еднаш се врати во клубот од „Ла Бонбонера“ при крајот на својата кариера.

Лионел Меси веќе направи нешто слично, иако со дресот на Њуелс олд бојс, за кој играше и Марадона, и во кој Лео играше како дете, пред да дојде во Ла Масија на 14-годишна возраст.

 

Се вчитува...