Тежок инцидент во НБА: Брутален нокаут, кошаркар на Орландо загуби свест… (ВИДЕО)

Приказната на вечерта во НБА лигата е брутален и подол нокаут на мечот меѓу Детроит и Орландо.

Непосредно пред крајот на првото полувреме беа исклучени тројца кошаркари, Мое Вагнер, Килијан Хејес и Хамиду Диало.

За време на нападот Вагнер го оттурна Хејес па кошаркарот на Пистонс го ‘испрати’ на клупата, што го натера Диало на жестока реакција. Диало дотрча и го турна Вангер од зад грб, а Хејес во меѓувреме подигнувајќи се подло го удри Вагнер во врат кој, пак, изгуби и свест.

 

Комплетниот инцидент потоа ги вклучи играчите и тренерите од двете екипи. За среќа целиот инцидент брзо се смири. НБА веќе покрена истрага и сигурно е дека Хејес ќе се соочи со жестока казна затоа што удри играч од зад грб, кој не се бранеше.

 

Инаку, натпреварот го доби Детроит со 121-101, а до победата ги водеа Буркс со 32 поени како и Беј со 28 постигнати поени.

Се вчитува...