Тежок инцидент се случил на денешниот натпревар од Третата лига север помеѓу ФК Беса и ФК Аеродром кој се одигра во Слупчане.
Голманот на гостинскиот тим бил крвнички претепан на теренот, при што бил пренесен во болница во Скопје. Во полициска станица е претседателот на ФК Аеродром за давање на исказ.
По повод инцидентот, се огласи и МВР, од каде било пријавено дека неколку лица биле физички нападнати од страна на домашните играчи и претставници.
„На 26.10.2025 година во СВР Куманово лицето И.А. од Скопје пријавило дека по завршување на фудбалскиот натпревар меѓу екипите на ФК Беса од Слупчане и ФК Аеродром, неколку играчи на гостинскиот тим биле физички нападнати од страна на играчи и претставници на домашниот клуб. Се преземаат соодветни мерки за расчистување на настанот,“ стои во официјалното соопштение на МВР.
Од видеото до кое дојде ЕКИПА, се слушаат лелеци од страна на голманот кој лежи повреден на тревата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

