Тежок инцидент се случил денеска на Брач каде непознато момче физички го нападна контроверзниот Здравко Мамиќ, сопственикот на Динамо Загреб.
Инцидентот се случил на пристаништето во центарот на Бол каде Мамиќ допловил со својата јахта доаѓајќи на ВТА турнирот на кој настапува и најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа. Веднаш е објавена и снимка од инцидентот на која се гледа како момче се доближува до Мамиќ и го удира со бокс со глава од зад грб, по што Мамиќ наводно паднал и во море.
Неофицијално се дознава дека се работи за момче родено во 1995 година, кое веднаш се впуштило во бегство но е фатено од пријателот на Мамиќ кој го задржал до доаѓањето на полицијата.
Од полицијата е потврдено дека е покрената кривична постапка за нарушување на јавен ред и мир, но не соопштуваат официјално кои се учесниците во инцидентот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА