Аргентинскиот бек на Олимпијакос, Лука Вилдоза ја надмина повредата на стапалото и повторно се најде на теренот за натпреварот против Паок во грчкото првенство, но по само осум минути поминати во игра повторно беше испратен во соблекувалната поради нова повреда.
Дваесетидветгодишникот овој пат заработи повреда на грбот поради која нема да настапи на престојната Куп завршница во Грција.
Вилдоза кој блескаше во дресот на Црвена Звезда, оваа сезона има скромен учинок во редовите на грчкиот евролигаш бележејќи 5.4 поени и 2.7 асистенции.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

