Словенечкиот скијач Клемен Коси беше итно со хеликоптер пренесен во болница по тешкиот пад на спуст трката од Алпскиот светски скијачки куп во Бормио. Детали за повредета не се соопштени. славната патека Стелвио е една од најтешкиот во Светскиот куп. Во моментот на падот, Коси се движеше со брзина од 100 километри на час. Поради падот на Словенецот, трката беше во прекин 20 минути.
Ова е втора трка во најбрзата дисциплина од Светскиот куп сезонава на која се повредува скијач. Пред две седмици на спустот во Вал Гардена, Марк Гисин излета од патеката и се здоби со повреди на ребрата и на белите дробови.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА