Фудбалерот на Барселона, Жерард Пике и колумбиската пејачка Шакира повеќе не се заедно.
По седумгодишна врска двојката одлучила да се раздели, а Шакира веќе ја напуштила и семејната куќа во Барселона, каде Пике и Шакира живееја изминативе четири години.
Шпанските медиуми веќе со сигурност пренесуваат за крајот на врската на славната двојка, а од нивниот ПР соопштуваат дека наскоро ќе има официјална информација.
Пике и Шакира се во врска од почетокот на 2011 година, а имаат и две деца, Милан (4 години) и Саша (2 години). Последен пат заедно беа видени во јуни, на венчавката на Лионел Меси.
Пике изминативе денови е во центарот на вниманието и по поддршката на каталонскиот референдум за независност. Беше дочекан со свирежи и скандирања „Оди си“ и во Аликанте каде Шпанија пристигна пред квалификацискиот натпревар за СП 2018.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА