Тежок пораз на ЛА Клиперс, Лејкерс подобри од Голден стејт

Изненадувачкиот тежок пораз на ЛА Клиперс на гостувањето против Минесоа ја одбележа ноќта во НБА лигата. Минесота одигра одличен меч разбивајќи го тимот од Лос Анѓелес со 142-115.

Натпревар на кариерата одигра Џордан МекЛафлин со 24 поени, 11 асистенции и седум скока, додека Малик Бисли запиша 23 поени, дополнети и со 10 скока. Кај Клиперс се издвои Каваи Леонард со 29 постигнати поени.

ЛА Лејкерс славеа на гостински терен кај Голден стејт со 120-125. Ентони Дејвис со 27 поени и 10 скока, како и Леброн Џејмс со 22 поени, 11 асистенции и осум скока ги водеа лејкерси до победата, додека на спротивната страна Крис со 26 поени и Вигинс со 24 поени беа најдобри.

Торонто го победи на свој паркет Бруклин со 119-118, а на гостите не им помогна ниту извонредната вечер на Леверт кој запиша 37 поени. Торонто до победата беше предводен од Фред ВанФлит со 29 поени.

Во останатите натпревари Шарлот загуби од Далас со 100-116, Њујорк на гости го победи Детроит со 92-95, Денвер славеше на гостински терен со 108-117 против Феникс, а Сакраменто запиша убедлива победа против Сан Антонио со 122-102.

Се вчитува...