Тежок пораз на женската селекција: Фудбалерките добија „седумка“ од Франција (ВИДЕО)

Женската фудбалска репрезентација на Македонија доживеа дебакл од Франција (0-7) во меч од 6. коло во евроквалификациите. Разликата во квалитет се виде уште на самиот старт. Французинките од 14. до 21. минута постигнаа три гола кои беа доволни за првото полувреме.

Во вториот дел Алмеида во 51. минута зголеми на 0-4, а потоа следуваа и головите на Торент и Асеји за 0-6. Де Алмеида со својот втор гол на мечот во 92. минута ги постави конечните 0-7.

За потсетување нашата репрезентација имаше голем проблем пред овој натпревар. Покрај тоа што отсуствуваа најдобрите фудбалерки Наташа Андонова и Гентјана Рочи, плус седум репрезентативки ден пред одигрување на мечот беа позитивни на Ковид-19.

 

Се вчитува...