Квалификациите за неделната ГН на Сингапур, се прекинати после тешкиот судар на Ланс Строл. Канадскиот возач на влез на последната кривина, изгуби контрола над својот болид и се судри во оградата. Но, за среќа немаше никакви последици за пилотот.
За среќа се избегната вистинска трагедија, со оглед дека веднаш по несреќата, со над 200 километри на час пројде Ландо Норис од Мекларен.
Норис стигна навреме да реагира и да го заобиколи Строл, чиј болид беше преполовен.
“imparator” #lancestroll pic.twitter.com/YpVwcSs5xZ
— ester 🫧🩰 (@saintsayonara) September 16, 2023
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА