Тежок удар за Атланта: Тре Јанг го чека пауза од четири недели

Кошаркарот на Атланта, Треј Јанг, ќе отсуствува најмалку четири недели поради повреда на коленото, објави кошаркарскиот клуб.

Јанг се повреди пред четири дена на мечот против Бруклин, по што лекарските прегледи покажа дека ќе биде отсутен од терените најмалку до почетокот на декември.

„Јанг беше подложен на магнетна резонанца, која потврди истегнување на лигаментите на десното колено. Играчот започна рехабилитација и ќе биде повторно достапен за приближно четири недели“, се вели во соопштението на Атланта.

Јанг (27) досега оваа сезона во НБА имаше просек од 17,8 поени, 7,8 асистенции и два скока по натпревар.

Се вчитува...