Тежок удар за Баер Леверкузен: Вирц во „аут“ до месец дена

Во пресрет реванш дуелот од осминафиналната пресметка против Баерн Минхен, Баер Леверкузен доби лоши вести бидејќи поради повреда остана без услугите на својот најдобар фудбалер, Флоријан Вирц.

Младиот германски талент во поразот од Вердер заработи повреда поради која мораше да биде изнесен од теренот на носилки, а по деталните прегледи е утрврдено дека станува збор за потешка поверда на скочниот зглоб поради која го очекува пауза од најмалку неколку недели, потврди и Баер Леверкузен.

„Флоријан Вирц ќе биде надвор од терените неколку недели поради повреда на скочниот зглоб. Оздрави побрзо и врати се уште посилен, Фло“, објави германскиот клуб.

Се вчитува...