Челси се соочува со огромни проблеми непосредно пред почетокот на сезоната откако остана без услугите на Леви Колвил, стоперот кој доживеа тешка повреда на предните вкрстени лигаменти.
Колвил се повреди на првиот тренинг во понеделник, а по деталните прегледи е утврдено најлошото можно сценарио. Англичанецот мора да операција која е успешно завршена и сега следи долга пазуза од шест до 12 месеци во зависност од врзината на рехабилитацијата.
Колвил беше прв избор на стоперската позиција настапувајќи на 35 натпревари во Премиерлигата во минатата сезона па сега тренерот Енцо Мареска ќе мора да најде замена за првотимецот.
Челси како опции за негова замена ги има: Весли Фофана, Тревор Чалобах, Ренато Веига, Алсел Дисади, Беноа Бадијашил, Тосин Адарабиојо, Арон Алсемино и новото засилување Јорел Хато.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

