Германија е организатор на идното Европско првенство, и како домаќини имаат големи амбиции, па дури и да стигнат до финалето во Берлин, и да се обидат да дојдат до трофејот. Меѓутоа селекцијата е во огромна криза, а тоа го покажа на пријателските натпревари, каде што Германците не „цветаа“ а на ФИФА листата не се меѓу првите 10.
Проблемите на Германците може да бидат уште поголеми, ако се знае дека сегашниот прв голман Марк Андре тер-Штеген е повреден, и дури под знак прашалник за настап на ЕВРО 2024. Тој е замената за Нојер, кој и натаму се нема вратено меѓу диреците за Германија, иако веќе неколку меча е на голот за Баерн Минхен.
Ова може да биде голем проблем за Германија, ако се има во предвид фактот дека Тер Штеген можеше да биде прв голман за националниот тим на „елфот“.
Тер Штеген има повреда на грбот, и според шпанските медиуми, единствено решение е операција. А, операцијата би можела да го оддалечи од терените 6-7 месеци, и тој да не стигне да се опорави за настап на ЕВРО 2024.
Германија во групата А ќе игра против Швајцарија, Шкотска и Унгарија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА