Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ денеска соопшти дека поради повреда нема да игра на завршниот АТП Мастерс во Торино.
„Чест ми е што се квалификував за завршниот Мастерс во Торино. Со нетрпение очекував да бидам таму, но поради повреда која ме мачи подолго време, нема да можам да играм следната недела. Се извинувам на сите кои планираа да ме гледаат им посакувам на сите играчи да се видиме наскоро“, рече Ѓоковиќ на Инстаграм.
Завршниот Мастерс ќе се игра од 10 до 17 ноември во Торино.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА