На само неколку часа пред големото дерби меѓу Лирепул и Манчестер сити, менаџерот Јирген Клоп се соочува со големи проблеми, откако новото засилување на Ливепрул, Вирџил Ван Дајк ќе го пропушти мечот со „граѓаните“ поради повреда на бутниот мускул.
Стратегот не сака да ризикува поголема повреда на најскапиот фудбалер на тимот, па мечот ќе го започне со двоецот Ловрен – Матип во задната линија.
Холандскиот репрезентативец имаше деби од соништата откако го постигна голот за победа против Евертон во рамките од ФА купот пред десетина дена, но соочувајќи се со новата повреда ќе мора да почека на премиерлигашко деби во дресот на „црвените“.
Натпреварот Ливерпул – Манчестер сити е закажан за денес, со почеток во 17:00 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА