Кошаркарскиот свет остана во шок по потврдата дека Леброн Џејмс (41) нема да биде во конкуренција за ниту една индивидуална награда на НБА оваа сезона, со што заврши неговата нереална серија што траеше од моментот кога стапна на паркетот на најсилната лига во светот!
Имено, Леброн официјално нема шанси да добие какво било признание бидејќи оваа сезона нема да може да ја достигне границата од 65 одиграни натпревари, што е услов што лигата го воведе минатата година за да ги принуди ѕвездите да одмараат помалку.
Од таборот на Лос Анџелес Лејкерс во вторникот потврдија дека Џејмс ќе го пропушти натпреварот против Сан Антонио Спарс поради повреда на левото стапало. Ова е само продолжение на проблемот, бидејќи Леброн пропушти 14 натпревари на самиот почеток од сезоната поради ишијас.
Кога се ќе се собере, натпреварот против Спарс беше 18-тиот што го пропушти оваа сезона. Со само три преостанати натпревари, математички е невозможно Леброн да ја достигне границата од 65 натпревари во оваа сезона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

