ТФТ до „брејк“ во Никшиќ во полуфиналето на АБА 2

Кошаркарите на ТФТ се блиску да се пласираат во финалето на плеј-офот во АБА 2 кошаркарската лига, откако го совладаа тимот на Сутјеска на гостувњето во Никшиќ со 93-88.

Уште од самиот почеток македонскиот претставник наметна иницијатива, и дојде до предност од +18 по првото полувреме. Во третиот период Сутјеска успеа да намали добивајќи го тој период со 25-17, но во четвртата четвртина работите се вратија по старо.

Кога тимот од Тафталиџе направи предност од +15 поени (74-89), веќе беше јасно кој ќе биде победникот. Веќе немаше враќање за домашниот тим, па така ТФТ доаѓа до голема победа на гостински терен, и сега ќе има можност како домаќин да се избори за пласман во финалето.

Најефикасен беше Ташовски кој уфрли 27 поени. Кај поразениот тим Баровиќ постигна 17 поени.

Се вчитува...