ТФТ до убедлив триумф над Пелистер за осигурување на „број 2“ пред плејофот

Кошаркарите на ТФТ стигнаа до убедлива победа на домашен терен од 79-67 над Пелистер во дербито на последното 22. коло во Првата кошаркарска лига на Македонија.

Гостите подобро го отворија натпреварот и по десет минути игра имаа позитива од четири поени 18-22. ТФТ одигра одлично во вториот период кој го доби со десет разлика, а на пауза замина со плус четири 46-40. Во третиот период избраниците на Боро Смилковски му дозволија на противникот само девет поени, па по 30 минути игра веќе беше решен и победникот на овој меч (64-49). До крајот само рутински го приведоа мечот за конечни 79-67.

Закари Браун со 23 поени беше прво име кај победникот, додека кај поразените Антоан и Стајиќ постигнаа по 14 поени.

Со овој триумф тимот од скопската населба Тафталиџе го осигура второто место пред плеј-офот во домашниот шампионат.

Се вчитува...