Кошаркарите на ТФТ доживеаја нов пораз во АБА 2 лигата откако вечерва беа поразени од Борац Бања Лука со 65-66.
Тимот од Босна и Херцеговина подобро го отвори натпреварот и по десет минути игра имаше позитива од 14-21. Вториот период донесе голем број промашувања на двете страни, игра во која подобро се снајде Борац и на пауза замина со двоцифрена предност од 21-34.
ТФТ одигра подобро на стартот на второто полувреме, но и тоа не беше доволно во последните десет минути да се влезе со едноцифрена негатива (43-54). Сепак, избраниците на Боро Смилковски конечно се разбудија во последните десет минути, па на влезот на 38. минута успеаја да стигнат до негатива од само два поени 59-61. Сепак, Борац успеа да биде посконцентриран во финишот и да стигне до конечен триумф од 65-66.
Алан Бернард Луис со 16 поени беше прво име во таборот на македонскиот клуб, додека кај победникот Плесант и Делаиќ постигнаа по 13 поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА