Кошаркарите на ТФТ Скопје и натаму ја продолжуваат силната битка со МЗТ Скопје за врвот во Првата македонска кошаркарска лига, триумфирајќи во драматичен меч од 14. коло на гостувањето против Кожув во Гевгелија со 75-76.
Низ тензичен натпревар, ТФТ на крај дојде до победата благодарение на одлично одиграната втора четвртина од дуелот која ја доби со 9-25, притоа и за предност на паузата.
Тоа беше пресудно, по што домашните и покрај обидите во второто полувреме не успеаја до крај да се вратат за победа, низ еден максимално израмнет дуел во кој на крај одлучуваа само нијансите.
Николов и Говенс со по 14 поени беа најефикасени поединци кај ТФТ, а на Кожув не му помогна ниту одличниот Вилсон кој мечот го заврши со 27 поени.
ТФТ сега, по 14 натпревари, е со десет победи и само четири пораз на делба на лидерската позиција на табелата заедно со МЗТ Скопје.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

