ТФТ го доби трилер-мечот со Работнички

ТФТ во драматичен дуел славеше над Работнички со 92-89, натпревар што беше решен во дополнителни пет минути откако Работнички пропушти одлична можност да го реши победникот во регуларниот период. „Центарци“ се надеваа на одмазда за поразот во четвртфиналето од Купот на Македонија, но наместо тоа претрпеа нов пораз од тимот на ТФТ, во чии редови поради повреда не дебитираше најновото засилување Марко Симоновски.

Првото полувреме мина во израмнета битка во која Бакоч беше во главна улога  кај „центарци“, доминирајќи во нападот на Работнички. ТФТ со колективна игра успеа да замине на одмор со предност од 43-39, како најава за возбудувањата што следеа во „Градски парк“. Работнички подобро ја отвори последната четвртина и поведе со 65-72, но ТФТ експресно успеа да се врати. Избраниците на Мираковски имаа меч топка, водство од два поени и напад на триесетина секунди до крајот. Тогаш по промашениот шут за тројка Нотиџ направи почетничка лична грешка по која ТФТ од линијата за слободни фрлања израмни на 80-80. РАботнички имаше и напад, но „центарцу“ почетнички ја загубија топката и мечот замина во продолженија.

Во нив, повторно се играше израмнето, а како клучна се покажа тројката на Зафиров со која ТФТ поведе со 88-86. Работнички не го реализираше следниот напад, по што Костоски од линијата за слободни фрлања ја запечати победата на својот тим.

Александар Костоски со 25 поени го предводеше ТФТ во овој натпревар, 16 за победничкиот тим постигна Батрик, додека во таборот на ТФТ најефикасни беа Џелетовиќ со 20 и Бакоч со 19 поени.

Се вчитува...