Кошаркарите на ТФТ по двата порази во низа се вратија на победите во домашниот шампионат, откако вечерва на домашен терен во дербито на 17. коло во Првата лига славеа над Работнички со 81-79.
Домаќините подобро го отворија натпреварот, па по десет минути игра имаа предност од 29-20. Во вториот период гостинот успеа да возврати, па на пауза Работнички замина со негатива од два поени 49-47.
Во вториот дел тимот од скопската населба Тафталиџе иако се чинеше дека го контролира натпреварот, некако успеа со големиот број на грешки да го внесе во неизвесна завршница, откако на 28 секунди до крајот Работнички дојде на само минус еден (80-79). Зафиров реализираше едно од двете слободни фрлања за 81-79, а последен напад имаше Работнички. Шошкиќ го имаше последниот шут за тимот од градски парк, но не успеа да го реализира па остана 81-79.
Дарин Говенс со 29 поени беше прво име кај победникот, додека кај поразените Капетановиќ постигна 18, додека Шошкиќ заврши со 17 поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА