Кошаркарите на ТФТ ќе се борат за пласман во АБА 1 лигата, откако се пласираа во полуфиналето на АБА 2 победувајќи го составот на Златибор Чајетина со 90-80, и така со вкупна победа од 2:1 влегоа меѓу најдобрите четири екипи.
ТФТ уште на почетокот ја презеде иницијативата, и по првата четвртина се стектна со солидна предност од +13 поени (15-28). Во втората четвртина Златибор врати со иста мера (21-10), па веќе македонскиот тим ја немаше посакуваната предност.
Златибор ја доби и третата четвртина, за во финишот да се влезе во неизвесност. Сепак, ТФТ успеа да биде со посилни нерви во последниот период, и да дојде до победа.
ТФТ во полуфиналето ќе игра против Сутјеска.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

